Оваа апликација користи колачиња за сервисот на Google Analytics со цел да генерира метрики за нејзината посетност. Доколку се согласувате со употребата на колачињата притиснете Дозволи.
Размислувајќи за нови и поефикасни начини преку кои граѓаните можат да учествуваат во борбата против корупцијата, се роди идејата за Реагирај. Реагирај е иновативна дигитална платформа чија цел е поефикасно да го канализира притисокот на граѓаните врз институциите за решавање на значајни проблеми.
Свесни сме дека, особено кога станува збор за корупција или лошо управување, граѓаните често се чувствуваат обесхрабрени, разочарани и со впечаток дека ништо не се менува. Неретко, дури и кога сакаме да преземеме нешто, не сме сигурни како. Реагирај нуди начин ова незадоволство да се насочи кон институциите и да се изврши притисок за да реагираат.
Платформата Реагирај е развиена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС).
Во периодот од април 2023 до јануари 2025 година, Реагирај е поддржана од програмата „Граѓаните против корупцијата“, спроведена од МЦМС во партнерство со: Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија – Македонија (ИРЛ), Балканска истражувачка репортерска мрежа – Македонија (БИРН), со финансиска поддршка од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) во Република Северна Македонија. Содржината на оваа веб страница не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.